+389 2 3290 020

info@gps.mk

САД развиваат технологија која на војниците ќе им овозможи со мисли да ги контролираат роботите

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > САД развиваат технологија која на војниците ќе им овозможи со мисли да ги контролираат роботите
технологија

Истражувачкиот дел од Пентагон работи на проект кој има за цел да создаде мост меѓу луѓето и машините.

DARPA ќе ги избере тимовите кои ќе развиваат неурален интерфејс како дел од новата програма N3 со цел развој на системи кои на војниците ќе им овозможат да примаат и да испраќаат информации со помош на мозочни бранови.

Тоа значи дека војниците еден ден ќе можат да контролираат дронови, сајбер одбранбени системи и друга технологија со своите мисли. Програмата се фокусира на два технички начини за стимулација и снимање на активноста на мозокот.

Овој интерфејс значи дека нашите мозоци ќе станат алатка за интеракција со светот околу нас. DARPA најпрвин во март поднесе предлози за нехируршки неурален интерфејс систем, а сега агенцијата ќе ги избере тимовите кои ќе го прават тој систем.

Сето ова звучи како научна фантастика, но агенцијата ова сака да го постигне на два начини: едниот е со неинвазивни уреди кои ќе се носат на телото, а другиот е нехируршки систем кој ќе може да се проголта или да се шмркне преку нос.

Од Пентагон се надеваат дека ќе успеат да го направат овој систем со кој луѓето преку мислите ќе ги контролираат машините, а се надеваат да биде готов во наредните 4 години, пишува DailyMail.