+389 2 3290 020

info@gps.mk

Се продава реплика од првиот автомобил во светот

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Се продава реплика од првиот автомобил во светот
првиот автомобил

Benz Patent-Motorwagen е возило кое се смета за првиот автомобил во светот, создаден во 1885 година, бил продаден за тогашни 600 марки, што денеска изнесуват околу 3.500 евра.

Автомобил го изработи Карл Бенц во 1885 година, а за пошироката јавност автомобилот бил достапен во јули 1886 година, а во следните шест години направени се околу 25 вакви возила.

првиот автомобил

Patent-Motorwagen за погон користеше четиритактен бензинец со еден цилиндар, кој го разви самиот Бенц.

Овој, во свое време револуционерен мотор, испорачуваше нешто помалку од една коњска сила, при 400 вртежи во минута.

За некои од подоцна изработените примероци на моделот се развиени помоќни погонски агрегати, чија сила изнесува помеѓу 1 и 2 коњски сили, благодарение на што автомобилот можел да се движи со брзина и до 16 километри на час.

првиот автомобил

Репликата која ја продава Mercedes-Benz Classic одделението изработена е во 2012 година, како дел од порачката на повеќе копии од оригиналните возила, наменети за музејот на Mercedes.

Цената на овој автомобил не е јавно соопштена, пишува Кајгана.

првиот автомобил