+389 2 3290 020

info@gps.mk

Скопје го доби првиот 3D пешачки премин

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Скопје го доби првиот 3D пешачки премин
3D пешачки

Јавното претпријатие „Улици и патишта“ почнува проект за исцртување на 3D пешачки премини на скопските улици.

Деновиве почнаа со цртање на првиот тридимензионален пешачки премин на улицата „Самоилова“ кај Музејот на современата уметност. Според планот предвидена е ваква зебра и на улицата „Борис Сарафов“, каде минатата недела беше прегазено 10 годишно дете. Потоа меркава ќе се имплементира на неколку локации кои се посочени како црни точки и каде се вози со голема брзина.

Директорот на „Улици и патишта“, Сенад Смаиловиќ, изјавил дека ваквите пешачки премини создаваат оптичка илузија кај возачите поради што тие ги забавуваат нивните возила кога се приближуваат кон пешачкиот премин каде пешаците ја минуваат улицата.

Тој додал дека претпријатието ги тестира овие мерки со цел да види дали ќе се одразат на намалување на брзото возење низ Скопје и на зголемувањето на безбедноста на пешаците, објави Skopje24.

Првата ваква зебра е исцртана во 2008 година во Филаделфија. Подоцна и во други земји како Велика Британија, Австрија, Германија, Шпанија, Белгија, Индија и Исланд.