+389 2 3290 020

info@gps.mk

Со паметен штекер до помала потрошувачка на струја

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Со паметен штекер до помала потрошувачка на струја
паметен штекер

Еден од производите што се хит во секторот на паметен дом е и таканаречениот паметен штекер, објави Fakulteti.

Една од причините што се повеќе луѓе купуваат паметни уреди за дома е намалувањето на сметката за електрична енергија. Штекерот се става во стандардниот, а потоа во него го приклучувате вашиот уред. Со негова помош се превзема контрола над уредите во домот преку далечинска команда.

Паметниот штекер се поврзува со апликација со чија помош се управува со уредот, дури и кога сте на пат или надвор од домот. Со користењето на апликацијата може да се пуштаат светилките или климата или било кој друг уред кој што е приклучен на штекерот. Ваквите паметни штекери може да се најдат и за 15 евра, а сите може да се синхронизираат и со повеќето куќни асистенти, како оние од Амазон и од Епл.

Некои паметни штекери автоматски ја следат вашата потрошувачка преку апликација. Со тоа ќе добиете многу подобар увид во тоа кои уреди трошат најмногу електрична енергија и кои би можеле да бидат заменети со штедливи, а за негова инсталација не треба да имате ништо друго освен рутер и паметен телефон