+389 2 3290 020

info@gps.mk

Што се случува на интернет во само 60 секунди

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Што се случува на интернет во само 60 секунди
дигитален свет

Интересен извештај на Digital Economy Compass за брзината на движење на дигиталниот свет во 2017 година. Сортирале интеракции што се случувале во само 60 секунди.

За 60 секунди преку Google се направени 3.8 милиони пребарувања, на Twitter се објавени 350.000 “твитови”, на Facebook се објавени 243.000 фотографии а 65.000 на Instagram, на LinkedIn се отворени 120 нови профили.

На Dropbox се поставени 800.000 различни датотеки, поставени се повеќе од 400 часа содржина на YouTube, на Snapchat се поставени повеќе од 210.000 „снапови“.

Преку Skype се направени повеќе од 2 милиони минути во разговор, повеќе од 29 милиони пораки се испратени преку WhatsApp, пратени се повеќе од 156 милиони e-mail пораки низ целиот свет.

Корисниците на Netflix комбинирано во една минута прегледале повеќе од 87.000 содржини, а на Spotify се преслушани повеќе од 1.5 милиони песни.

дигиталниот свет