Студент од факултетот Станфорд, Џошуа Броудер, измислил апликација која претставува робот адвокат.
“DoNotPay” – апликацијата им помага на клиентите на тој начин што наоѓа пропусти во законот во случај кога резервирале лет или хотел и во меѓувреме цената се намалила. Роботот адвокат исто така може да помогне и доколку Вашиот лет е откажан, авио-компанијата го изгуби Вашиoт багаж или генерално не сте задоволни со патувањето, пишува Точка.
Корисникот кога ќе се пријави, апликацијата ги бара сите потврди за резервација од е-меилот на корисникот и ги проверува цените се до денот на летот или престојот во хотелот. Доколку цената се намали, испрќа барање во авио-компанијата/хотелот за намалување на веќе купените карти.
Џошуа за Бизнис Инсајдер изјавил дека постојат различни начини кои можат да помогнат да се врати карта која е неповратна и дека за време на тестирањето 68% од авибилетите се намалиле.