+389 2 3290 020

info@gps.mk

Светлосна инсталација на старата железничка станица во Скопје

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Светлосна инсталација на старата железничка станица во Скопје
светлосна инсталација

Три студентки од Македонија се меѓу наградените на меѓународниот натпревар за дизајн во Калифорнија.

На натпреварот – CLUE (Community Lighting for the Urban Environment), учествувале 222 проекти од 51 различни земји, додека жирито кое е составено од седум меѓународни членови додели три награди и три пофалници за најкреативните проекти.

Симона Тасевска, Ирена Милојеска и Христина Секулоска, се добитници на пофалница и почесно споменување за нивната светлосна инсталација на старата железничка станица во Скопје.

светлосна инсталација

Инсталацијата е фокусирана на старата скопска железничка станица и нејзиниот руиниран изглед од времето на стравичниот земјотрес од 1963 година. Со оглед на тоа што старата железничка станица во Скопје стои половично, инсталацијата ја ревитализира другата половина која што денес недостасува физички, со тоа што креира ново просторно доживување. Во текот на денот ефектот од големата катастрофа на земјотресот од 1963 е се уште видлив, додека за време на ноќта преку инсталацијата, железничката се гради повторно и стои како што стоела пред 52 години, пишува Taratur.

светлосна инсталација