+389 2 3290 020

info@gps.mk

Телеком најави “паметни” маски за заштита од загадување

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Телеком најави “паметни” маски за заштита од загадување
паметни маски, смарт маски

Македонски Телеком, како дел од Дојче Телеком групацијата, на светскиот конгрес на мобилни технологии во Барселона најави прототип на „паметни” маски за заштита од загадувањето. Конгресот се одржува од 26 февруари до 1 март.

Станува збор за сосема нов продукт,  кој ќе биде дел од Fashion Fusion програмата на Дојче Телеком, а прв проект на Телеком од низата на еко проекти што ќе следат годинава.

Fashion Fusion е настаната по иницијатива на Дојче Телеком, со цел за спојување на модата со технологијата и поставување за нови модни стандарди споени од овие два концепта.

„За прв пат во Македонија ги спојуваме технологијата и модата, за да оствариме повисока цел – заштита од загадувањето, кое е вистински проблем во нашата земја, особено во поголемите градови. Кога ја имате најдобрата технологија, веќе не е доволно да овозможите само комуникација. Затоа, ние одиме чекор понатаму, ја користиме таа технологија за промена, за подобрување на квалитетот на живот“ – изјави Главниот извршен директор на Македонски Телеком, Андреас Елснер.

На базните станици на Телеком ќе се постават сензори, коишто ќе го мерат загадувањето. Преку мобилна апликација сензорите ќе комуницираат со мобилните телефони, кои пак ќе комуницираат со маските. Паметните маски преку вибрација или лед светла ќе сигнализираат кога загадувањeто ќе биде над дозволената граница.

Дизајнот на маските е потпишан од македонската дизајнерка Ивана Кнез, а ќе бидат изработени од пластичен отпад, што ќе придонесе уште повеќе за почиста животна средина.

Маските треба да бидат во продажба од ноември/декември, оваа година.