+389 2 3290 020

info@gps.mk

Велосипед кој е отпорен на крадци

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Велосипед кој е отпорен на крадци
Велосипедот YERKA

Велосипедот YERKA е идеја на тројца млади претприемачи, а неодамна тие ја претставија и втората верзија на нивната иновација YERKA V2.

Втората верзија е редизајниран и побезбеден велосипед. Системот за безбедност на велосипедот овозможува заклучување на велосипедот за само неколку секунди. Направен е од засилен челик, за кој секој крадец ќе размисли двапати пред да се обиде да ја пресече главната рамка.

Еден од новите клучни елементи на велосипедот е и Anti-Theft Nuts, кој го штити секој дел од велосипедот и доколку некој сака да го украде, ќе му требаат специјални алати. Понатаму, новите гуми се многу пошироки и се навистина одлични за модерните улици со еден куп шахти, дупки и несвршености, пишува Иновативност.