+389 2 3290 020

info@gps.mk

Вештачка интелигенција во автомобилите на Hyundai и Kia

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Вештачка интелигенција во автомобилите на Hyundai и Kia

Во 2019 година, автомобилите на двата најголеми корејски производители на автомобили, Hyundai и Kia ќе вклучуваат вградени виртуелни асистенти со AI (вештачка интелигенција).

За изградба на паметни асистенти во возилата, ќе искористат технологија создадена од SoundHound, компанија за идентификација на музика која од неодамна се повеќе се фокусира на градење на софтвер за AI, слични на Siri и Google Assistant.

AI асистентите ќе можат да прават работи како на пример понуди за дестинации врз основа на она што следува во вашиот календар или врз основа на вашите претходни параметри и избори. Ќе може да утврди каква музика свири на радиото со помош на SoundHound услугата и на тој начин да ги запомни желбите на возачот. Технологијата исто така ќе ги предвиди можностите за најкраток пат до посакуваната дестинација, со обид да пронајде најадекватен и сигурен пат, каде да се движи возачот.

Комуницирањето со патниците ќе се врши со помош на гласовни команди, по примерок на оние од Google, Siri, Alexa и Cortana.

Hyundai и Kia

Hyundai и Kia инвестираат и се фокусираат на иднината, област на која се фокусираат и други производители на автомобили. Некои компании, како што е Ford, имаат развиено сопствено препознавање на глас (voice recognition) и платформа за контрола на возилото. Други, како што се Nissan и BMW, работат со Амазон за да го инкорпорираат гласовиот асистент Alexa во нивните возила.