+389 2 3290 020

info@gps.mk

Зошто во некои земји автомобилите се возат по левата страна?

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Зошто во некои земји автомобилите се возат по левата страна?
левата страна

Околу 35% од светското население возат од левата страна, и тоа претежно се стари британски колонии.

Во минатото, скоро сите патувале на левата страна од патот бидејќи тоа била најразумната опција за феудалните, насилни општества. Бидејќи повеќето луѓе се десничари, мечувачите повеќе сакале да се движат со своите кочии на левата страна и да ги управуваат кочиите со лева рака, со цел десната рака да им биде слободна за држење на оружјето во случај на непријателски напад. Покрај тоа, ваквото движење ги намалувало шансите да удрат некого со штиот кој го носеле од левата страна.

Кон крајот на 1700-тата, работниците во Франција и САД почнале да ги пренесуваат земјоделските производи во големи вагони што биле влечени од неколку пара коњи. Овие вагони немале возачко место, заради тоа, возачот седел на левиот заден коњ, така што тој можел да ја задржи десната рака слободна да ги камшикува останатите коњи.

Во Русија, во 1752 година царицата Елизабета (Елизавета Петровна) официјално издала закон за движење од десна страна. Француската револуција во 1789 година имала големо влијание во Европа, за патување по десната страна. Пред револуцијата, аристократите патувале на левата страна од патот, а селаните од десната, но по револуцијата и последователните настани, за да не привлекуваат големо внимание и аристократите почнале да се движат од десната страна. Во 1794 година во Париз било воведено официјално правило за движење по десната страна, паралелно со Данска, каде што десниот правец бил воведен во 1793 година.

Подоцна, Наполеон го воведил правилото за движење од десната страна во државите кои биле под негова власт, додека државите што му се спротивставиле продолжиле со движење по левата страна – Британија, Австро-унгарската империја и Португалија. Оваа европска поделба меѓу левите и десните народи останала фиксирана повеќе од 100 години, се до Првата светска војна.

Трендот меѓу нациите во текот на годините се насочил кон возење од десната страна. Со проширувањето на патувањата и градењето на патиштата во 1800-тите, сообраќајните прописи биле направени во секоја земја.

Возењето од левата страна во Велика Британија станало задолжително во 1835 година. Земји кои биле дел од Британската империја го следеле примерот. Ова е причината зошто до денес, движењето на автомобилите во Индија, Австралија и поранешните британски колонии во Африка се одвива од левата страна.

Јапонија никогаш не била дел од Британската Империја, но нејзиниот сообраќај, исто така, се одвива од левата страна. Иако потеклото на оваа навика е од периодот на Едо (1603-1868), во 1872 година, ова непишано правило станало официјално. Во истата година била воведена првата железничка пруга во Јапонија, изградена со техничка помош од Британците. 

Постепено, Европските земји во кои правецот на движење им бил по левата страна, една по една почнале да се префрлаат на десна страна. Во 1960 година, Велика Британија размислувала да го промени правецот на движење но конзервативните сили направиле се што можат за да го отфрлат тој план. Освен тоа, за промената им требале милијарди фунти, и на крај Британија ја отфрлила идејата.

Денес, само четири европски земји се уште се движат од лево: Велика Британија, Ирска, Кипар и Малта.