Lite Phone 2 е “анти-смартфон”, создаден од американската компанија Lite. Телефонот со големина на кредитна картичка нема пристап до интернет и останатите погодности кои ги имаат другите смартфони.
Lite Phone 2 има нови опции и е со повеќе можности од неговиот претходник. Некои од подобрените функции му се аларм, поголем звучник, USB-C конектор за полнење и многу моќна штедлива батерија. Од компанијата изјавија дека телефонот е и понатаму во развојна фаза, а се очекуваат и негови наследници со други функции.
Целта на производителот е да го оставите вашиот паметен телефон дома, да одморите од социјалните мрежи и да уживате во животот.
Додека е во тек неговата кампања телефонот може да се купи за 250 долари, пишува Кајгана.