+389 2 3290 020

info@gps.mk

Автономен автомобил на “Убер” прегази пешак

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Автономен автомобил на “Убер” прегази пешак
автономен автомобил убер uber

Жена која ја преминувала улицата надвор од пешачки премин, почина откако ја удрил SUV, автомобил на Убер кој го користи за тестирање на технологијата за автомобили без возач.

Несреќата се случила вчера на 19 март во градот Темпи во Аризона, а жената починала во болница од здобиените повреди. Ова е прв пат пешак да настрада во несреќа предизвикана од автономен автомобил.

Полицијата изјави дека автомобилот бил во автономен режим за време на несреќата и дека возилото удрило во жената, која чекорела надвор од пешачкиот премин. Во моментот на несреќата имало оператор на возилото во автомобилот.

„Нашите срца се со семејството на жртвата. Целосно соработуваме со локалните власти во нивната истрага за инцидентот“ – напиша Убер на Твитер.

По несреќата компанијата објави дека привремено ги запира тестовите на автономните автомобили од улиците на Аризона и од другите градови во САД и Канада.