+389 2 3290 020

info@gps.mk

COVID-19 може да се задржи и на површината од вашиот автомобил

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > COVID-19 може да се задржи и на површината од вашиот автомобил

Вирусот кој се расшири низ целиот свет, поконкретно познат како COVID-19, лесно се пренесува и бара голема хигиена, внимание и социјална свест со цел да се спречи ширењето.

Автомобилот е добар начин да одржите социјална оддалеченост во однос на јавниот превоз.

Правилата за заштита не се исклучок и за во автомобил.

 

 

Социјалното растојание е клучно.
Социјалното растојание едноставно значи да се одбегне блискост со другите луѓе, ако не сте во изолација или карантин ги вклучува мерки да не се ракувате со рацете и да се држите околу 1,5 метри оддалеченост од другите луѓе.

Ако мора да бидете во автомобил со други луѓе, се препорачува да го направите она што се препорачува за кое било друго место. Избегнувајте физички контакт со други патници, како ракување, и доколку кивате или имате кашлица, направете го тоа во внатрешната страна на лактот и подалеку од кој било друг.

Ако се возите во такси, седнете на задното седиште каде е можно за подобро раздвојување од возачот – за нивна заштита, како и ваша. Плаќањето извршете го со медицински нараквици или веднаш направете дезинфекција со средство.

Дезинфицијата на вашиот автомобил е важна.
Ако возите луѓе посебно! Но, добра е идејата редовно да ја дезинфицирате површините на вашето возило и да го проветрувате често, иако сте вие едниствениот кој влегува во него. Областите на кои треба да се концентрираме се површини кои ги допирате цело време додека возите (внатрешните и надворешните рачки, воланот, светлата…). Вирусите можат да живеат на површината од автомобилот.

 

 

Носете ракавици при чистење и измијте ги рацете темелно пред и потоа.

Не го заборавајте екранот на допир на инфозабавниот систем.

Исто така внимавајте и на сите предмети и кабли кои ги имате во автомобилот.

И секогаш имајте дезинфекционо средство за раце во автомобилот.