Шпанската компанија „Ескудо веб“ промовираше прототип на развиен детски паметен телефон на Мобилниот конгрес во Барселона.
Уредот се нарекува PhoneKid и неговата главна карактеристика е инсталираниот софтвер. Телефонот користи модифицирана верзија на Андроид, која е дизајнирана специјално за деца. Софтверот им овозможува на родителите, преку соодветна апликација, да го контролираат однесувањето на децата, апликациите кои ги користат. Можат да активираат различни режими на PhoneKid и да постават инструкции на главниот екран.
Телефонот и ГПС позиционирањето неможат да бидат исклучени. А воведено е и СОС копче, за да им помогне на децата брзо да ги предупредат родителите во критична ситуација.