+389 2 3290 020

info@gps.mk

Дознајте кој е најбрзиот автомобил на светот…

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Дознајте кој е најбрзиот автомобил на светот…

Поранешниот тркачки возач Марио Андрети има изјавено: „Ако сè ви изгледа под контрола, вие не одите доволно брзо“.

А кога сме веќе кај брзина би сакале да зборуваме за најбрзите автомобили, авиони, бродови, моторцикли и возови… Кои се тие и со колкава брзина се движат..

Најпрво ќе ви го кажеме најбрзиот автомобил на светот… 

Имаше доста контроверзии во врска со автомобилот што ја носи титулата „најбрз производствен автомобил во светот“.

Според Гинисовите рекорди во светот, заклучно со 2013 година, рекордот лежи во Bugatti Veyron 16.4 Super Sport, откако достигна максимална брзина од 431.072 км/ч.

Додека пак во 2014 година, Hennessey Venom GT достигна до 435,31 км/ч што секако е побрзо од Veyron и сигурно треба да му ја даде титулата на Venom.

За работите да станат покомплицирани, се појави и трет конкурент, Koenigsegg One:1 кој беше и победник во оваа категорија.

Koenigsegg One:1 постави рекорд со GPS-потврдена двонасочна просечна максимална брзина од 447 км/ч и најбрза права брзина од 458 км/ч.