+389 2 3290 020

info@gps.mk

Кој е победник во„Европски автомобил на годината“ за 2020 година

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Кој е победник во„Европски автомобил на годината“ за 2020 година

90-тиот автомобилски саем во Женева, требаше да започне денес со церемонија која ќе го објави победникот на наградата – „Автомобил на годината“. Но, поради Корона вирусот, целиот настан беше откажан, освен доделувањето на најдобриот автомобил – тоа сепак се одржа. 

Победник за автомобил на годината е избран – Peugeot 208.

 

 

 

 

Овај електричен автомобил има електромотор од 136 коњски сили и капацитет од 50 kWh. Со својот 100-киловатен полнач потребни му се само 30 минути за погонските батерии да се наполнат до 80% од својот капацитет. Може да извози дури до 340 км пред батериите да се испразнат. Од 0 до 100 км/ч. може да достигне за само 8,1 секунда.

 

 

Новиот Peugeot 208 беше најдобар во другите финалисти што се бореа за титулата „Европски автомобил на годината“ за 2020 година. Погледнете ги конкуренцијата и бодувањето: 

Peugeot 208 (281 поен)

Tesla Model 3 (242 поени)

Porsche Taycan (222 поени)

Renault Clio (211 поени)

Ford Puma (209 поени)

Toyota Corolla (152 поени)

BMW Series 1 (133 поени)

Иако не беше присутен на церемонијата, директорот за бренд на Peugeot, Jean-Philippe Imparato ја прифати наградата преку видео конференција. „Задоволни сме што Peugeot 208 е почестен„ автомобил на годината ““, рече Imparato. „Фантастично е да се признае од жирито на експерти како жирито за автомобили на годината“.