+389 2 3290 020

info@gps.mk

Ford и FCA наместо автомобили, ќе произведуваат заштитни маски и респиратори.

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Ford и FCA наместо автомобили, ќе произведуваат заштитни маски и респиратори.

Ford и FCA (Fiat Chrysler Automobiles) соопштија дека во следниот период ќе изработуваат и медицинска опрема, нешто што се најавуваше во претходните денови низ медиумите.

Поради драстично зголемениот број на заболени од Covid-19 во Америка, Ford се здружи со компаниите 3M и GE Healthcare, со цел да се вклучи во процесот на производство на респиратори кои се клучни за животите на оние кои се најтешко погодени од новиот бран на Covid-19.

 

 

Освен тоа, Ford веќе започна да прави и заштитни визири за медицинскиот персонал кој го покрива целото лице и со тоа се намалува шансата да дојде до инфекција преку очите, па оваа недела во погонот во Мичиген ќе бидат произведени 75.000 визири, а Ford наведува дека во иднина ќе може да направи преку 100.000 парчиња неделно.

Додека пак, Fiat Chrysler Automobiles исто така се вклучи во борбата против пандемијата на коронавирусот и најави производство на преку милион заштитни маски месечно. Нивната изработка ќе почне оваа недела.

 

 

Браво за овие две компании!