+389 2 3290 020

info@gps.mk

Холограм во новиот модел на Volkswagen – ID Vizzion

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Холограм во новиот модел на Volkswagen – ID Vizzion
volkswagen

Volkswagen објави видео тизер во кој ја презентира внатрешноста на својот електричен концепт ID Vizzion. Интересно е што во моделот, има холограм кој го претставува интерфејсот на мултимедијалниот систем.

ID Vizzion е опремен со два електромотори, чијашто моќност е 306 коњски сили. Тие се напојуваат со батерија од 111 киловат часови. Со едно полнење автомобилот може да патува до 665 километри, а максималната брзина која ја постигнува е 180 км/ч.

Автомобилот нема ниту волан, ниту сопирачки. Возилото е апсолутно автономно. Наредбите и дестинацијата возачот може да ги постави преку гласовни команди, комуницирајќи со виртуелниот асистент во автомобилот. Асистентот е поставен да ги препознае гласовите и гестовите и безрезервно да ги извршува командите.

Автомобилот за неколку дена ќе го видиме на саемот во Женева.