Учесниците на конференцијата South by Southwest (SXSW) што секоја година се одржува во Остин, Тексас, вчера присуствуваа на ненајавен настап на Илон Маск, основачот на Тесла и SpaceX. Тој ненајавен се појави како гостин на предавањето на Џонатан Нолан, авторот на серијата „Westworld“ на HBO.
Маск во разговорот на конференцијата најавил дека SpaceX до следната година ќе може да прати своја ракета на кратко патување до Марс.
Маск и Нолан заедно работеле на двеминутното инспиративно видео од лансирањето на ракетата „Falcon Heavy“ на Маск.
„Ова не е трејлер за филм, ниту за серија. Се надеваме дека ова е трејлер за следното поглавје на човештвото“, рече Џонатан Нолан.