+389 2 3290 020

info@gps.mk

Леонардо Ди Каприо има нешто да ви препорача

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Леонардо Ди Каприо има нешто да ви препорача

Леонардо Ди Каприо веќе подолго од 20 години е посветен на борбата против климатските промени и го брани биодиверзитетот. Па не е ни чудно што италијанскиот бренд, FIAT, успеа да ја привлече холивудската ѕвезда како, Леонардо Ди Каприо да го поддржи нивниот стилски, еколошки градски автомобил – FIAT 500.

 

 

Минатата недела беше претставен на јавноста овој нов еколошки автомобил. Новиот 500 е исто така првиот автомобил во својот сегмент кој доаѓа со автономна технологија Ниво 2. Што се однесува до ентериерот, има многу достапни техники, како што е најновиот инфозабавен систем UConnect 5, кој разгледува низ широк 10,25-инчен дисплеј на допир.

Актерот и активист сними две одделни видеа. Едниот е наречен “All-In” и е посветен на изданието “La Prima”. Во оваа реклама, Ди Каприо ги поканува гледачите да се посветат на борба против климатските промени.

 

 

Вториот клип се вика “Reincarnation”, и се фокусира малку повеќе на Fiat како бренд и за тоа како тие инспирираат промени од 1957 година.

 

 

Автомобилите ќе бидат продадени на аукција и приходите ќе одат во една од еколошките организации на Леонардо Ди Каприо.