+389 2 3290 020

info@gps.mk

Макрон сака Франција да стане производител број 1 на електрични возила во Европа.

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Макрон сака Франција да стане производител број 1 на електрични возила во Европа.

Француската влада објави план за спасување од 8 милијарди евра за својата автомобилска индустрија, што е сериозно погодено од пандемијата на коронавирус и сака да ја искористи кризата за Франција да стане производител број 1 на електрични возила во Европа.

Започнувајќи од следната недела, потрошувачите можат да добијат до 12.000 евра од владата за купување електричен автомобил според планот што го претстави во вторникот францускиот претседател Емануел Макрон.

 

 

„Нашата земја нема да биде иста без своите одлични брендови – Рено, Пежо, Цитроен“, рече Макрон, декларирајќи дека ќе се случат промени за да не се загубат овие големи брендови „Нашите сограѓани треба да купат повеќе возила, и тоа не за две, пет или 10 години – сега“, истакна тој.