+389 2 3290 020

info@gps.mk

Мозочен имплант кој значително ја подобрува меморијата

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Мозочен имплант кој значително ја подобрува меморијата
мозочен имплант подобрување меморија - brain implant memory boost

Научниците развија мозочен имплант, кој значително ја зголемил меморијата уште во неговиот прв тест. 

За да го тестираат, тим научници предводени од истражувачи од универзитетот на Пенсилванија и универзитетот Томас Џеферсон регрутирале 25 пациенти кои биле клинички набљудувани за епилепсија, а уредот и процесот на негово надгледување побарувале вметнување на малечки сонди во мозокот.

Уредот работи како пејсмејкер, испраќа електрични импулси за да му помогне на мозокот кога се бори да зачува нови информации, но останува мирен кога ќе почувствува дека мозокот функционира добро.

Во тестот, уредот го подобрил помнењето на зборови за 15 % – приближно колку што Алцхајмеровата болест им краде на заболените во текот на две и пол години, објавиле во списанието Nature Communications.

Имплантот сеуште е експериментален. Истражувачите сега за сега се во преговори за комерцијализација на технологијата. Широката применливост на имплантот е сеуште непозната, затоа што досега е тестиран само кај луѓе со епилепсија.

Можеби оваа нова технолгоија претставува нова стратегија и чекор напред во лекувањето на деменција, трауматски повреди на мозокот и други состојби кои ја оштетуваат меморијата.