GoPro планира сопствено „ресетирање“ по неколку тешки деловни години кои ги имаше компанијата. Еден од чекорите во оваа насока е буџетската акциона камера GoPro Hero, која ќе се продава по цена од 199 долари, пишува “Dodaj Gas”.
Хардверските можности на камерата се послаби од вообичаените GoPro модели. Наместо добро познатиот GP1 прилагоден процесор (кој го користи моделот Hero 6 Black), GoPro Hero има чип на компанијата Ambarella.
Камерата е водоотпорна, има 2-инчен екран на допир, дигитална стабилизација на видео и гласовна контрола. Може да снима фотографии од 10MP, но има само еден „рафален“ режим од 10 слики во секунда.
GoPro Hero изгледа како и повеќето други камери во линијата на компанијата, но се разликува по тоа што не е опремен со функции и можности како премиум моделите, како на пример GoPro Hero може да снима со максимална резолуција од 1440p @ 60fps. Камерата нема можност за снимање на забавено или 4K видео.