Невролози на Универзитетот, во Канада, Скарборо користат вештачка интелигенција за реконструкција на слики, врз основа на перцепцијата на мозокот користејќи податоци собрани од електроенцефалографија.
Во текот на истражувањето учесниците биле приклучени на електроенцефалограм, а на екранот им биле прикажувани разни лица. Во меѓувреме нивната активност на мозокот се снимала, а потоа се анализирала користејќи алгоритми за машинско учење. Бележаната мозочна активност се претворала во слики кои испитаниците ги гледаат во својата глава.
Иако ова не е првпат AI да се користи за читање на умовите на луѓето, прв пат е тоа да се постигне користејќи ги податоците на електроенцефалографија. Претходните студии се извршувале со FMRI технологија, која ја мери активноста на мозокот преку промените на протокот на крв во него, пренесува Digital Trends.
Истражувачите откриле дека на мозокот му се доволни 170 милисекунди за да го запамети лицето кое го гледаме пред себе. Технологијата потенцијално би можела да биде искористена од страна на полицијата за создавање на попрецизни извештаи на очевидците за сличноста на потенцијалниот осомничен.