+389 2 3290 020

info@gps.mk

Нов ривал во автомобилската индустрија…

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Нов ривал во автомобилската индустрија…

Според нормите на најстрогиот протокол на САД EPA, Teslа Model S се поставува како сериозен кандидат на пазарот, Model S е, барем на хартија, модел кој изгледа како иднината на автомобилската индустрија. Но, сега има нов ривал подготвен да го преземе водството.

Ќе бидете изненадени кога ќе ви кажеме дека не станува збор за некоја гигант – компанија… туку за малку познатиот бренд Lucid – компанијата со седиште во Калифорнија неодамна демонстрираше супериорност со својот модел наречен Lucid Air.

Првично требаше да го направи своето деби на Саемот за автомобили во Њу Јорк деновиве, но истиот беше откажан од веќе познати причини со епидемијата на корона вирусот. Поради оваа причина, Lucid ја претстави својата работа на Интернет и покажа дека Air може да помине над 640 километри во реални услови за возење.

Тест возење беше спроведено меѓу Лос Анџелес и Сан Франциско, а тестот потоа се повтори со идентични резултати. Тестираниот модел обезбедува батерија од 110kWh.

Погледнете го: