Во последните неколку дена се почесто се зборува за социјалната мрежа Vero. Не станува збор за нова мрежа затоа што постои некое време, но во последниот период стекнува голема популарност бидејќи голем број на уметници и инфлуенсери од Instagram ги повикуваат своите следбеници да ги следат и на Vero.
Некои медиуми ја нарекуваат нов Instagram, а освен фотографии и видеа, преку неа може да се споделуваат и написи од Интернет, да се препорачуваат други содржини и слично, а поставките на приватноста може лесно да се наместат.
Поради големиот интерес, дошло до привремени нестабилности на платформата, а надлежните се огласиле на Твитер: “Моментално имаме повремени технички проблеми поради големиот промет. Работиме на нивно отстранување”, напишале од Vero.
Од компанијата велат дека Vero е единствената вистинска социјална мрежа затоа што на неа нема ботови или алгоритми кои ќе управуваат со содржините. Исто така на платформата нема да има и реклами.
Првичниот план на компанијата е да овозможи бесплатно користење за само првите 1 милион корисници.