Тим на кинески инженери создале нов хибриден соларен панел, кој може да собира енергија од капките дожд.
Оваа нова технологија го користи трибоелектричниот ефект – одредени материјали покажуваат електрично полнење откако ќе стапат во контакт со конкретен материјал. Клучниот дел од системот е трибоелектричен наногенератор, уред кој создава електричен полнеж од триење на двата материјали заедно.
Трибоелектричните наногенератори го создаваат тој набој преку триење и може да се користат за собирање на статичниот електрицитет од облеката, тркалата на возилата или екраните на допир. Во овој случај, тркалањето на капките по површината на соларот.
За да направат ваков наногенератор тимот научници додале два слоја од провидни полимери на површината на соларните панели. За да се зголеми ефикасноста на генераторот на слоевите од полимер се испечатени линии како на задната страна од цедеата. Кога паѓаат капките, го притискаaт горниот слој да дојде во контакт со долниот слој, кој функционира како електрода меѓу генераторот и соларниот панел.
Иако енергијата која на овој начин се добива со наногенераторот е релативно мала, сепак докажува дека уредот функционира и може да се доработува за понатамошна употреба, пренесува Inhabitat.