+389 2 3290 020

info@gps.mk

Ова лето…кампувајте…

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Ова лето…кампувајте…

Поради корона вирусот и светската пандемија, ова лето ретко кој ќе планира летување… препораките ни се на сите добро познати, да не се групираме и да држеме растојание.

Погледнавме многу туристички летни атракции дека изгледаат тажно и празно, туристи нема, а баровите се празни..

 

 

Токму поради тоа, решивме да ви дадеме една идеа, што ќе биде поеднакво безбедна и забавна – КАМПИНГ. Доколку никогаш до сега не сте кампувале можеби сега е право време за да го направите тоа, а доколку претходно сте кампувале сигурно знаете колку е забавно.

 

 

Најпрво ќе зборуваме за позитивните и негативните страни на кампувањето, за тие што никогаш не капмувале да бидат спремни на се.

Позитивните страни се:

  • Евтино е.
  • Најубав поглед на изгрејсонце и зајдисонце.
  • Можете да бидете сами, без луѓе и гужва.
  • Лесно можеш да истражуваш повеќе плажи/планини во помал временски период (не си стациониран само со хотел или апартман, секогаш можеш да движиш)
  • Доколку врни дожд, звукот е незаменлив.
  • Кога сонцето е вашиот аларм.
  • Подалеку од дигиталниот свет.
  • Звуците на природата.
  • Мир.
  • и друго…

 

 

Негативните страни се:

  • Инсекти.
  • Нема погодности за модерното живеење (но, доколку е тоа што го сакате и преферирате, немој да одете на камп-доживување).
  • Можеби ќе ви биде ладно (затоа е многу битно да проверите какво време ве очекува и што дополнително да носите за да се заштите, како ќебиња, шушкавци…).
  • Капењето и личната хигиена е тешка за одржување.
  • Ограничена храна (најчесто храна што не се расипува лесно и што не бара многу опрема за готвење и потоа миење).
  • WC.
  • Спиење на тврда површина.
  • Честопати не е пријатно. Потребно е некое време пред да научите трикови и работи што го прават тоа поудобно
  • и друго…

 

 

Но и покрај сите негативни страни, откако ќе се вратите назад во вашиот дом, веднаш ќе почнете да го планирате вашето наредно кампување, бидејќи зелените места се научно докажани дека ја зголемуваат среќата и релаксацијата… 

Слободно додаете некои позитивни или негативни страни за кампувањето или споделете некоја забавна случка, а наредно ќе ви откриеме кои места се најдобри во Европа за кампување, а кои во Македонија.