Во наредните неколку години околу 1.200 семафори низ Виена ќе бидат опремени со 10.000 сензори, кои ќе собираат податоци за сообраќајот, околината и временските услови.
Семафорите ќе користат Интернет и ќе имаат постојано напојување со струја. Тие ќе комуницираат меѓусебно, но и ќе испраќаат важни информации на паметните телефони и навигациските системи. Преку нив постојано ќе се добиваат податоци во реално време за околината и временските услови како и за проток на сообраќајот. Податоците ќе бидат обработувани преку Big Data Analytics, и подоцна ќе се искористат за подобрување на сообраќајот и квалитетот на воздухот.
Целта на градската управа е сите семафори во Виена да се опремат со вакви сензори кои ќе собираат податоци кои ќе се обработуваат моментално онлајн. Во првата фаза сензорите ќе служат за мерење на температура и влажност на воздухот, а во следната фаза ќе ги мерат и количините на штетни гасови во воздухот и галама од сообраќајот.