Aston Martin е еден од најпознатите и најуспешни производители на автомобили во светот. Тоа е британски независен производител на луксузни спортски автомобили. Роберт Бамфорд и Лионел Мартин ја започнаа компанијата во 1913 година и во овој момент, Aston Martin има над 150 дилери во повеќе од 50 земји на шест континенти, доделувајќи им ја етикетата на глобален автомобилски бренд.
Со оглед на престижот на компанијата, секој очекуваше од нив да имаат многу строг и дисциплиниран кодекс на однесување за да обезбедат вработените да дејствуваат во согласност со имиџот на компанијата.
Eве во каква атмосфера работи секој вработен во Aston Martin:
- Слобода на здружување и колективно договарање. Ова е за пофалба, бидејќи е клучот за позитивно работно опкружување, а добро знаеме што тоа значи.
- Здравје и безбедност. Од суштинско значење и задолжително е за сите вработени да придонесат кон создавање здрава и безбедна работна околина која ги исполнува или надминува општите стандарди во однос на здравјето и безбедноста при работа. Ова е клучно за да се заштити угледот на организацијата и да се обезбеди дека ниту еден вработен не може да заврши во опасна околност.
- Aston Martin има политика на нула толеранција против вознемирување или малтретирање врз вработените.
- Антикорупција. Било која форма на поткуп и корупција не се смета за прифатлива. Сите зделки во компанијата мора да се направат по принципот на интегритет. Ова гарантира дека организацијата секогаш ќе дејствува фер и професионално.
- Дискриминација. Aston Martin се посвети на тоа да биде работодавец за еднакви можности и е цврсто против сите форми на незаконска дискриминација.
- Доверливост. Ова е важна работа за сите автомобилски компании. Aston Martin не може да ги ризикува нивните информации да станат во погрешни раце.
- Правила во салоните. Обврзано е на сите работници во изложбениот салон да ги третираат сите поединци на ист начин. Дури и ако децата влезат во изложбен салон само за да зјапаат во автомобилите, или колку и да е груб и фрустрирачки клиент, сите мора да бидат почитувани.. потребно е неверојатна трпеливост.
- Вклучување на инвалидитет. Лица со попреченост можат да работат во Aston Martin.
- Одмор при посвојување. Им овозможува на мајките кои неодамна посвоиле деца да поминат одредено време за да се поврзат со нив. Истото правило важи и породилно отсуство.
Погледнете за правилата кои важат во Форд, ТУКА.