Роботот Flippy започна да работи во ресторан во Пасадена во Лос Анџелес и е првиот робот кој што целосно ќе замени еден работник во ресторан за брза храна во Соединетите Американски Држави.
Почнувајќи од понеделникот, вработен во ресторанот на CaliBurger ги подготвува плескавиците, ги зачинува и ги става во послужавник за Flippy. Flippy потоа ги става на скарата, ја следи температурата, проценува кога треба да се завртат плескавиците и кога треба да ги извади од скарата за да се изладат.
Flippy се уште има потреба од човечки соработници за да функционира, барем за сега. Опремен e со термичка визија покрај редовната камера. Flippy може да открие точно до која фаза на готвење e месото, овозможувајќи му да приготви околу 150 хамбургери за еден час. Откако месото е готово, човекот може да ги додаде останатите додатоци на хамбургерот.
CaliBurger планира да инсталира Flippy роботи на уште 50 локации, односно во рестораните од ланецот „CaliBurger”. Секој од нив чини околу 60.000 долари. Компанијата “Miso Robotics” добила финансирање од 10 милиони долари за да го доведе Flippy и во други ресторани, објави Tech Crunch.