+389 2 3290 020

info@gps.mk

Што возат светски познатите тенисери и тенисерки?

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Што возат светски познатите тенисери и тенисерки?

Кога станува збор за автомобилите на спортистите, сигурно веднаш на памет ви доаѓаат фудбалерите. Добро е познато дека најчесто фудбалерите имаат гаражи со најновите автомобили, но и тенисерите и тенисерките не се за потценување со својот возен парк што го поседуваат.

Тенисот е спорт што и тоа како во целост овозможува луксузен живот проследен со луксузен возен парк. Па ајде да погледнеме што се крие во гаражите на светските тенисерски ѕвезди.

 

  • Новак Ѓоковиќ

Да започнеме со најдобриот тенисер на АТП листата, Новак Ѓоковиќ, со нето вредност од 220 милиони долари, сигурно е дека може да си го дозволи секој автомоил што ќе го посака и секако дека може да се пофали со богата колекција на автомобили. Тој поседува неколку модели од брендовите на BMW, Audi и Mercedes, а последно, како учесник на кампањата на Peugeot се здоби и со нов електричен Peugeot 208.

 

 

  • Серена Вилијамс

Најдобрата тенисерка во 21. век, Серена Вилијамс има доста голема и богата колекција со која што може да се пофали, во која се наоѓаат Aston Martin Vanquish, Aston Martin Valkyrie, Bentley Continental GT, Dodge Viper RT10, Range Rover, Mini Cooper…

 

 

 

  • Роџер Федерер

Швајцарецот во својата гаража има бројни возила, но највпечатливи се неколкуте модели на Mercedes од кој може да се издвои AMG SLS Roadster.

 

 

 

  • Рафаел Надал

Рафаел Надал е тенисерот кој во гаражата располага и со неколку Mercedes AMG модели кои ги освои како дел од победите на турнирот во Штутгарт. Исто така има потпишано многу спонзорски договори, а еден од нив е и со јужнокорејскиот производител Kia. Оттука, покрај тоа што поседува неколку примероци од овој производител.Но во неговата гаража може да се видат и Land Rover, Lamborghini и Jaguar.

 

 

Од останатите тенисери, Марија Шарапова е верна на Porsche брендот. Александер Зверев и Хуан Дел Потро возат Peugeot, а некој од моделите на Jaguar се паркирани во гаражите на Енди Мареј, Милос Раоник и Кеи Нишикори. Додека пак, Наоми Осака е патриотка и вози Nissan.