+389 2 3290 020

info@gps.mk

Вештачка интелигенција може да предвиди неочекувана смрт во 90% од случаите

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Вештачка интелигенција може да предвиди неочекувана смрт во 90% од случаите
вештачка интелигенција

Компанија за медицинска технологија од Флорида, Excel Medical, има произведено вештачка интелигенција кој прецизно може да предвиди дали некој пациент е подложен на ризик од ненадејна и неочекувана смрт.

Вештачката интелигенција може да предвиди неочекувана смрт во 90% од случаите.

За овој софтвер, научниците интегрирале систем со податоци за два милиони пациенти од универзитетската болница на Стенфорд и детската болница Лусил Пакард; досија кои вклучуваат податоци за физиологијата, медицинска историја, фамилијарната историја на болести, годините, лековите кои ги прима, и многу други информации за секој пациент; по што изработиле програма која ги споредува симптомите со времето кога одреден пациент починал.  Со сето ова, вештачката интелигенција може автоматски да го пресмета ризикот од влошување на состојбата на пациентот до 6 часа пред докторите тоа да го забележат.

Од универзитетот велат дека една од причините поради која била изработена програмата е да им се овозможи на пациентите последните месеци од животот да ги поминат во своите домови. Ваквото предвидување, кога пациентот ќе почине би им дала можност на болниците да ги исполнат последните желби на пациентите, како и да овозможат збогувањето со семејството да биде направено пред да биде предоцна.

Моментално, планот е оваа технологија да се имплементира во болниците, а потоа и да се направат AI уреди за носење кои би можеле да ги користат луѓето по дома.