+389 2 3290 020

info@gps.mk

Запираат со производството многу произведувачи на автомобили

Geonet GPS > ВЕСТИ > Вести > Запираат со производството многу произведувачи на автомобили

Многу произведувачите на автомобили, соопштија дека го запираат производството во фабриките. Поради брзото развивање на пандемија на коронавирус, повеќето компании се одлучија на овој чекор. 

Двете фабрики појаснија дека дошло до опаѓање на продажбата на автомобили поради епидемијата на коронавирусот, дека имаат тешкотии во одржувањето на синџирот на набавка, но и дека сакаат да ги заштитат вработените од заразата.

  • BMW, Toyota и Honda соопштија дека привремено ќе ги затворат своите фабрики во Велика Британија заради пандемијата на коронавирус.
  • Nissan и Vauxhall веќе затворија погони во услови на пад на продажбата и недостаток на делови предизвикани од епидемијата.
  • Jaguar – Land Rover се очекува да го запре производството во наредните денови.
  • Во Северна Америка, Ford и General Motors се меѓу фирмите кои исто така ги затвораат фабриките поради вирусот.
  • Елон Муск го прекинува производството во фабриката Tesla во САД.
  • Коронавирусот го прекинува производството во фабриката за автомобили Nissan.
  • Фабриките на Opel ги затворија стравувањата од коронавирус.

Според очекувањата, прекинот на производството ќе трае најмалку две седмици, изјавија од BBC.