Комплетна платформа за управување со возен парк

Од GPS следење до управување со усогласеност, нашата сеопфатна платформа ги покрива сите аспекти на современите операции со возен парк.

20+
Години на пазарот
1K+
Задоволни клиенти
20K+
Следени возила
10
Покриени пазари
Моќни функционалности

Сè што на вашиот возен парк му треба

Панорама претставува софтверско решение изработено по најсовремени технологии кое на корисникот му овозможува целосна слика и комплетни информации од движењето/мирувањето на возилата. Возилата може да бидат претставени на географска карта или во табеларна форма со своја моментална позиција (реално време). Истовремено возилата можат да се претстават во измината временска рамка и истото да послужи за натамошни анализи и планирања.

Следење

• Секунда по секунда следење во „живо“ на возила • Прилагодливи карти на целиот свет • Четири типови на мапи – OpenStreet, Google, Bing и Yahoo maps • Брз преглед на целата флота на возила • Детали за возилата: податоци за статус на возило, брзина на возилото и моментална адреса

Следење

Детални извештаи

Извештаите се прилагодливи според датумски опсег и според возило, а може да се прикажат преку графички или табеларен приказ. Извештаите може да бидат сумарни, според поминато растојание, според активност на возилата (возење, работење во место, исклучен мотор), според максимална брзина, надминување на дозволени брзини, според посетени точки од интерес, според посетени зони од интерес и реконструкција на движење. Истите може да се преземат во Excel формат, PDF формат или преку е-маил.

Детални извештаи

Предупредувања и известувања

• Е-маил или СМС известувања • Известување за надмината брзина • Предупредување за влез или излез од предефинирана географска зона • Предупредување за посета на точки од интерес • Предупредување за статус на моторот • Блокада на мотор • Известувања за број на патници • Опционално: Комуникација помеѓу возачи и централа

Предупредувања и известувања

Диспечерски центар

ПАНОРАМА им овозможува на диспечерите, во секое време, да ја знаат точната локација на секое возило од флотата и рачно или автоматски да го пронајдат најблиското возило до одредена дестинација. Оваа можност резултира со ефикасно рутирање на возилата и обезбедува заштеди.

Диспечерски центар

Одржување на возилата

• Превентивно одржување • Целосен увид на трошоците поврзани со флотата на возила • Употреба на горивото и негова потрошувачка • Следење на ниво на гориво • Читање на одометар

Одржување на возилата

Подесувања

• Прилагодување на извештаите • Информации за возила • Информации за вработени • Подесување на точки од интерес • Подесување на географски зони

Подесувања

Креирање на налози

• Креирање на рута на движење на возилата • Следење на рута на движење на возилата • Предупредувања за напуштање на рута • Предупредувања за непочитување на редослед на рута

Креирање на налози

ИСТРАЖЕТЕ ПОВЕЌЕ ФУНКЦИОНАЛНОСТИ НА НАШАТА ПЛАТФОРМА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ВОЗЕН ПАРК

Добијте целосна видливост и контрола на едно место.

Следење во живо

Следете ја моменталната локација, статусот, брзината и насоката на движење на секое возило во реално време.

Контролна табла

Добијте брз преглед на целата флота, најактивните возила, најчестите прекршувања и клучните KPI показатели.

Преглед на возило

Отворете детален увид за едно возило со растојание, работно време, посетени локации и активност во текот на денот.

Детални извештаи

Погледнете точни податоци за позиција, датум, време, брзина, адреса, статус на мотор и други параметри за секој запис.

Точки од интерес

Следете кои точки од интерес се посетени, колку пати се посетени и колку време возилата се задржале таму.

Географски зони

Креирајте сопствени геозони и анализирајте влезови, излези и време на задржување во секоја дефинирана област.

Реконструкција на движење

Реконструирајте целосна рута за избран период со мапа, брзински график, застанувања и сензорски податоци.

Следење на гориво

Прегледувајте потрошувачка, полнења и ниво на гориво преку графички и табеларни прикази.

Известувања и аларми

Добивајте навремени известувања за сервис, регистрација, надминати лимити и други критични настани.

Рутирање

Планирајте и доделувајте работни налози со оптимални рути според растојание и времетраење.

Работно време

Следете работни часови и активности на возила и екипи за подобра организација и контрола.

Мобилна апликација

Користете ја Panorama и преку мобилен уред за комуникација меѓу диспечер и возач и пристап до клучни информации во движење.

Ограничување на брзина

Следете надминување на дозволената брзина во однос на моменталната локација и патната инфраструктура.

Двофакторска автентикација

Заштитете го пристапот до системот со дополнителен слој на безбедност при најавување на корисниците.

Извештај за мирување

Анализирајте кога и колку долго возилата работеле во место за полесно намалување на непотребна потрошувачка.

Подготвени да ги трансформирате операциите со вашиот возен парк?

Придружете им се на илјадници менаџери на возни паркови кои му веруваат на Панорама за да ги оптимизираат нивните операции и да ги намалат трошоците.